Утрински Весник
Македонија

Џафери не ја добил иницијативатa за референдум

Џафери не ја добил иницијативатa за референдум

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема примено иницијатива за одржување референдум, за која Левица кажа дека ја доставиле. Ова го соопштија од Кабинетот на спикерот, три дена откако Димитар Апасиев, лидер на партијата, кажа дека ја поднеле граѓанската иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“.

dobivaj vesti na viber

„До овој момент претседателот Џафери ја нема примено Иницијативата за одржување референдум од политичката партија Левица. Во моментот кога официјално ќе ја прими Иницијативата ќе Ви испратиме соопштение во кое ќе биде содржан и одговорот на претседателот кон подносителот на иницијативата“, велат од Собранието.

Апасиев, образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки. Тој додаде дека нè очекуваат опструкции и заклучи: „Доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието“

– Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот“ предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти-еу, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти-еу. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти-еу“, рече Апасиев, кој ја поднесе иницијативата до ДИК.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во моментов не гледам причина, зошто би организирал уште една лидерска средба со Филипче

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек

Лимани: Потпишани шест нови договори со општините за финансирање на инфраструктурни проекти од социјалната и детската заштита