Утрински Весник
Македонија

Џафери најави дека ќе ја врши функцијата премиер до избор на нова влада, Најчевска побара Уставниот суд да реагира 

1713163317 Aferi.jpg

Иако во Собранието му беше верификуван пратеничкиот мандат, Талат Џафери и натаму останува да извршува функцијата технички премиер заедно со останатите министри кои станаа пратеници се до избор на новата влада, беше изнесено на конститутивната седница на новиот собраниски состав.

Највозрасната пратеничка Мерита Колчи Коџаџику кажа дека тоа се прави од причина за да се обезбеди континуитет во работата на Владата.

Џафери на собраниската говорница кажа дека претходниот парламетнарен состав не ја разрешил владата и поради тоа нема акт со кој би дошло до престанок на неговата функција, но поради Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси тој немало да земе учество во Парламентот како пратеник се додека не се формира новата влада.

-Да ја известам јавноста институциите како претседател на владата како премиер во составот на оваа влада ќе ги извршувам функциите кои произлегуваат од функцијата премиер и нема да земам учество во работата на собранието бидејќи согласно член од законот за борба против корупцијата не можам две функции да имам во исто време, рече теничкиот преиер Талат Џафери.

Засега останува нејасно што ќе се случува со функциите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министрите Илир Демири, Љупчо Николовски и Бисера Костадиновска Стојчевска кои се дел од актуелната влада во Собранието, а станаа дел од новиот парламетнарен состав.

За разлика од толкувањето на Џафери и Коџаџику професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи реагираше дека Џафери не може да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник и побара Уставниот суд да реагира на ова како што оценува грубо нарушување на уставот.

-Не може Талат Џафери сам да реши дека нема да ги врши работите на пратеник, туку ќе ги врши работите на премиер, напиша Најчевска на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор