Утрински Весник
Македонија

Џафери: Хашките случаи се завршена работа

Talat Dhaferi 4.png

Техничкиот премиер Талат Џафери не сакаше да ја коментира препораката од Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи. Тоа е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата“, рече Џафери и додаде дека законите се донесени. Пред десетина дена, во писмо до македонската влада, Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, побара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал кон домашните судови. Во писмото, Мијатовиќ, наведе дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество. Станува збор за случаите „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“ кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во 2012 година со гласање за автентично толкување на Законот за амнестија од 2002 година одлучија да престане кривичното гонење на одговорните. Минатата недела и лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, повика постапката за овие предмети да продолжи.

Можете да прочитате

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски