Утрински Весник
Македонија

Џафери го честита големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица

Џафери го честита големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до сите припадници на православната вероисповед по повод Успение на Пресвета Богородица.

dobivaj vesti na viber

„ Годинава што полека ја одминуваме, за жал не донесе многу позитивни вести и настани. Беше ставена и се уште е во искушение нашата солидарност кон немоќните, нашата човечност кон посиромашните и нашата почит кон различните. Во моменти кога беше загрозен и голиот човечки живот, ние ја одбравме и се уште цврсто стоиме на вистинската страна, затоа што сме свесни за неправдата и неисправноста на посегнувањето по туѓите територии и животи. Во следниве месеци не очекува тежок економски и енергетски предизвик, без да ги занемарам политичките предизвици кои константно се дел од нашиот политички живот и јас се надевам дека и ние како политички претставници и институции, ќе ги најдеме најсоодветните и најдобри решенија за сите Вас почитувани граѓани.

До Вас упатувам честитки и искрена желба да најдеме сите во себе внатрешна сила и истрајност, да се прилагодиме кон новите дискурси и да придонесеме во полесно надминување на идните предизвици. Верата не учи да негуваме позитивни вредности, а празниците ги нагласуваат нив уште повеќе, така што, духот и пораката на хуманоста и разбирањето на овој празник нека надвладее над сите Вас што го празнуваат оквој голем празник.

Ви посакувам убав празничен ден!“ порача Џафери.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце