Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Аеродром започна со уредување на сите паркови – прв на ред паркот Бановина

Park banovina5.jpg
300x250 opst2

Општина Аеродром започна целосна реконструкција на паркот Бановина во населбата Лисиче, како дел од поширокиот план за унапредување на урбаната инфраструктура во општината.

Реконструкцијата опфаќа обнова на фонтаната – и на хидрауличниот систем и на нејзиниот надворешен изглед. Летниковците ќе добијат нов лик, збогатени со шаховски маси за дружење, а паркот ќе биде хортикултурно освежен за пријатен престој низ целата година.


За најмладите се поставуваат нови елементи во детското катче, со посебен акцент на безбедноста, а ќе бидат заменети и старите клупи и канти за отпадоци.

Во склоп на реконструкцијата, ќе биде уредена и црквата во паркот, која ќе добие осветлување и ќе биде ставена во функција на верниците.

Општина Аеродром најавува дека ова е само почеток – во следниот период ќе бидат реконструирани сите паркови во општината, создавајќи зелени оази за одмор и дружење на жителите.

Можете да прочитате

Злоупотребата на институциите за партиски цели кулминира во Чаир: Османи најави ревизија на сите сомнителни проекти

Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Пелегрини и Фон дер Лајен

Поради дефект во Аеродром, повеќе улици без вода утринава