Утрински Весник
Македонија

Аеродром: Планот за згради во Лисиче е почнат кога СДСМ раководеше со општината

Општина Аеродром за прес-конференцијата на Ангелов: Измешани термини, поими и надлежности

СДСМ наместо да шири дезинформации треба да даде одговор дали и кога ќе побара одговорност и постапување на Комисијата за спречување на корупција за крупните бизнис зделки и продажба на земјиште за блиски роднини на Ковачевски и Богоев, велат од општина Аеродром по обвинувањата од СДСМ за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче.

dobivaj vesti na viber

Доколку градоначалникот на Аеродром сега беше од редовите на СДСМ наместо ДУП за Лисиче таму ќе никнеше хотел со пет ѕвездички, сопственост на блиски роднини на високото раководство на СДСМ, велат од Општината.

„Јавен податок кој никој не може да го оспори е фактот дека конкретниот ДУП за кој оваа политичка партија говори, е започната токму во време кога СДСМ раководи со општината, во најлошиот период за Општината Аеродром кога не е реализиран ниту еден проект и напротив парите на граѓаните се трошеле недомаќински и спротивно на законите. Одговорот на прашањата кои СДСМ секојдневно ги поставува треба да го побараат од претходниот градоначалник или од раководството на СДСМ по чија директива работел тој“, велт од општината.

Се додава дека работењето во согласност со законите и ставањето крај на бизнисите на СДСМ во Аеродром веројатно е факт кој оваа политичка партија не може да го прифати.

Општината го повика СДСМ да престане, како што велат, да шири дезинформации и изворите на криминал и корупција да ги бара во своите редови.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон