Утрински Весник
Македонија

Аеродром и Сарај останаа без градоначалници, ќе се распишуваат предвремени избори

Opstina Aerodrom.jpg

По денешната верификација на мандатите на пратениците во новиот собраниски состав општините Аеродром и Сарај останаа без градоначалници, затоа што Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Беџети од ДУИ ги прифатија пратеничките мандати.

За разлика од нив, градоначалникот на Тетово Биљал Касами од „Вреди“ не го прифати пратеничкиот мандат и остана во локалната самоуправа.

 Во Аеродром и во Сарај треба да се распишат предвремени избори за градоначалник, затоа што до редовните локални избори има повеќе од шест месеци.

Можете да прочитате

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Ограбил седум возила, приведен кумановец

СДСМ: Додека сите се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и Жан Митрев, ВМРО увезува 10.000 „економски работници”