Утрински Весник
Македонија

Аеродром и Ново Лисиче веќе еден час без струја

Struja.jpg

Голем дел од општините Аеродром и Ново Лисиче попладнево останаа без електрична енергија. Според информациите од жителите, прекинот трае веќе повеќе од еден час.

Иако граѓаните масовно пријавуваат дека немаат струја, од ЕВН засега нема официјално известување за причините на прекинот, ниту пак за тоа кога ќе биде воспоставено редовното снабдување.


Ова предизвикува сериозни проблеми за домаќинствата, угостителските објекти и фирмите кои работат во овој дел од градот. 

Можете да прочитате

Променливо облачно време со сончеви периоди

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка

Пронајдена дрога во Битола, приведени три лица