Утрински Весник
Македонија

Аеродром добива современ културен и социјален центар – Мицкоски, Митески и Љутков во увид на градежните активности

Multifunkcionalen centar2.jpg

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција и уредување на првиот мултифункционален центар во Ново Лисиче.

Просторот ќе стане современо културно и социјално јадро, каде што жителите ќе можат да уживаат во концерти, театарски претстави, кинопроекции, изложби, конференции и бројни други настани.

Градоначалникот Митески истакна дека со овој проект, Општина Аеродром за првпат создава современо и инклузивно средиште за култура, креативност и заеднички развој на заедницата.

Реконструкцијата опфаќа уредување на околу 1.500 м², а Општина Аеродром обезбеди 99 милиони денари од јавниот повик на Владата за првата фаза од проектот.

Премиерот Мицкоски по увидот нагласи дека станува збор за нов објект кој со уредувањето ќе претставува додадена вредност, не само за Аеродром, туку и Скопје.

Новото решение предвидува главна сала со над 240 седишта, посебен ред за лица со попреченост, фоаје, бифе, како и едукативни простори и работилници. Ќе биде изграден и лифт, со што центарот ќе биде целосно пристапен за сите граѓани.

Министерот Љутков посочи дека по комплетното уредување, овој нов мултифункционален центар ќе биде ставен на мапата на објекти што ќе бидат вклучени во рамките на Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.

Општина Аеродром останува посветена на создавање нова инфраструктура со која ќе се збогати животот на аеродромци, но и на сите жители во Град Скопје.

Можете да прочитате

Невзат Бејта кандидат за градоначалник на Гостивар под логото на ВЛЕН

Скопје отвора безбеден дом за жртви на семејно и родово насилство

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на ГП Евзони-Богородица