Утрински Весник
Македонија

Адвокатот на родилката од Битола: Лекарите кои ја породиле сакаат да ја префрлат вината на друг

Адвокатот на родилката од Битола: Лекарите кои ја породиле сакаат да ја префрлат вината на друг

„Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста, а не зел учество во пораѓањето“, вели Јанаки Митровски, адвокатот на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, откако извршил увид во списите на предметот при ОЈО Битола.

dobivaj vesti na viber

„Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано „да си оди во Плодност ако не и чини” и останати омаловажувања“, вели Митровски.

„Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!! Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната“, пишува адвокатот на родилката Крстевска.

Тој извести дека се обратил до ОЈО Битола со предлог на докази со цел, како што вели, „да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има“.

По смртта на новороденчето, тогашниот директор на болницата во Битола, доктор Александар Обедниковски си поднесе оставка од морални причини. Вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат утврди недостатоци при третманот на родилката, но од административна природа за што најавени беа парични прекршочни казни.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег