
Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Љупчо Палевски, обвинет за убиството на Вања и Панче, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството.
– Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали – изјави Страшевски, нагласувајќи дека денешното сведочење на Палевски е клучно за да се утврдат овие неусогласености.
Адвокатот потенцираше дека нејасно останува клучното прашање во случајот – пиштолот.
– Пиштолот каде е не знам. За тоа треба да дадат одговор Обвинителството и МВР. Ние како одбрана бараме да биде вештачена чаурата, со што би се утврдило дали е пукано од пиштолот споменат кај Велибор Манев или од друг извор, црн пазар – рече Страшевски.
Тој дополни дека одбраната се обиде да приложи докази за местоположбата на Палевски на 22 и 27, но тие беа одбиени од судот со образложение дека веќе биле презентирани. Според, Страшевски, ваквиот пристап го доведува во прашање правичниот тек на процесот.
– Мое лично мислење е дека пресудата е однапред донесена. Како и да е, ние сме подготвени да ги побиеме сите докази кои беа презентирани, а не изведени, бидејќи тоа е од интерес и на јавноста – додаде адвокатот.
…