Поддршка за остварување на еднакви права за ексминистерката Гордана Јанкулоска, како и за останатите машки затвореници во затворот „Идризово“ упати адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска преку социјалните мрежи.
Откако „Макфкакс“ објави дека на Јанкулоска и е оневозможено користење на истите права како и мажите затвореници, адвокатката Анастасовска вели дека борбата за рамноправност не смее да биде ограничена во својата поддршка зависно од тоа дали ни е симпатичен оној кој за истата цел се бори, туку да е апсолутна во својот корен.
„Јанкуловска секако, уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени“, пишува адвокатката.
„Макфакс“ претходно објави дека Гордана Јанкулоска и нејзиниот сопруг и адвокат, Влатко Илиевски, очекуваат државата веднаш да го промени правилникот за „Идризово“ за жените затворенички да имаат исти права и привилегии како и мажите. Ова доаѓа по одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација, која утврди дека ексминистерката и затвореничките во ‘Идризово’ немаат исти права како затворениците, само бидејќи се жени. Адвокатот Илиевски посочува: „Освен во Авганистан, и кај нас има дискриминација по пол“. Тој очекува Гордана Јанкулоска да ги добие правата што ѝ следуваат.