Утрински Весник
Македонија

Адвокатка Маја Ристова со остра реакција по смртта на кинески работник во Кавадарци: „Овојпат нема да може да се заташка, верувај ми“

Img 8826.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Адвокатката Маја Ристова, преку објава на својот Фејсбук профил, реагираше по повод смртта на работник од Кина кој неодамна починал на работното место во фабриката „ИГМ Трејд“ во Кавадарци. Таа тврди дека медиумите „случајно или намерно“ не ја објавиле информацијата за која компанија станува збор.

„Сопственикот на фирмата, ‘локалниот шериф’ Илија Гечев, според написите во медиумите, го ангажирал младиот дечко иако не му бил регулиран престојот и работниот однос,“ напиша Ристова.


Во својата објава, адвокатката опиша и непријатна сцена која, како што тврди, се случила при нејзината посета на фабриката заедно со семејството на починатиот.

„Не ми дозволи влез обраќајќи ми се со зборовите: ‘Ти ма, не можиш да влезиш, да си ојш, која си ма ти’. Јас бев фрапирана од односот, не стигнав ни да се претставам,“ наведува Ристова.

Таа додава дека како правен застапник на семејството ќе инсистира случајот да биде целосно расветлен и институциите да постапат по закон.

„Јас сум адвокатка која ќе се погрижи институциите да ја завршат својата работа – законски, транспарентно и до крај. Ќе се отвори секој документ, ќе се разгледа секој доказ, и ќе се чуе гласот на оние кои немаат можност сами да се бранат – како младиот човек што го загуби животот на твоето работно место,“ порача таа.

Во завршницата од својата реакција, Ристова порача дека овојпат случајот нема да биде заборавен ниту заташкан:

„Затоа, од денес, ова повеќе не е само прашање на еден трагичен случај, туку и на одговорност, на достоинство и на закон. Те поздравувам и се гледаме – но овојпат не пред портите на твојата фабрика, туку пред институциите кои ќе решаваат за тоа што навистина се случило.“

Целата објава на следниот ЛИНК

Можете да прочитате

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

ВЛЕН: За сала од 50 илјади евра, Таравари потроши 750 илјади евра народни пари

Богдановиќ обвини дека во СДСМ има србофобија, од Бихаќка му вратија дека ја предал партијата за пари