Утрински Весник
Македонија

Адмиралот Бауер во Скопје на средба со Османи

Адмиралот Бауер во Скопје на средба со Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со претседавачот на Воениот Комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, во рамки на неговата посета на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата стана збор за актуелните безбедносни предизвици, со фокус на војната во Украина и последиците од истата, како и мерките кои ги презема Алијансата со цел адаптирање кон новата безбедносна реалност, справување со предизвиците и зајакнување на одбраната и одвраќањето. Во тој контекст, се осврнаа на неодамнешниот Самит на НАТО во Вилнус и значајните одлуки кои ги усвоија лидерите на земјите – членки, со што, уште еднаш се потврди единството на Алијансата.

Османи нагласи дека Северна Македонија како кредибилен сојузник, останува посветена во својата определба за придонес кон глобалниот мир, колективната безбедност и стабилноста на регионот. Во таа насока, го истакна нашиот придонес во мисиите и борбените групи на НАТО, како и определбата за одвојување на 2 % од целокупниот БДП за одбраната.

Во разговорите, посебен акцент беше ставен на актуелните состојби во Западен Балкан.

„Алијансата останува посветена и фокусирана кон нашиот регион, кој е од стратешко значење за НАТО. Сигурноста и просперитетот на Западен Балкан е еден од нашите надворешно – политички приоритети и со оглед на тоа преземаме про – активна улога за унапредување на евро – атлантските интегративни процеси и зачувување на стабилноста и просперитетот.” – заклучи Османи.

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато