Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“

20250205115129 Big 730x400 13.webp.webp
Dik 300x250 mk

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го става персоналот во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) низ светот на „административно отсуство“, освен оние кои се сметаат за неопходни, јавија американските медиуми.

Според известувањето објавено на интернет синоќа, вработените имаат 30 дена да се вратат во САД.


Илјадници вработени во УСАИД веќе се отпуштени, а програмите ширум светот се затворени откако претседателот Доналд Трамп наметна огромно замрзнување на странската помош по преземањето на функцијата.

Одделот за владина ефикасност на Илон Маск, кој има за цел да го намали буџетот, ја затвори веб-страницата на УСАИД во текот на викендот. Веб-страницата продолжи со работа доцна синоќа, а единствената публикација на неа беше тоа известување.

Одлуката директно да се повлечат вработените и нивните семејства порано од нивното планирано заминување, најверојатно ќе ја чини владата десетици милиони долари патни трошоци и трошоци за преместување, наведуваат американските мeдиуми.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор