Утрински Весник
Магазин

„Адидас“ започна истрага по наводите за недолично однесување на Канје Вест

„Адидас“ започна истрага по наводите за недолично однесување на Канје Вест

„Адидас АГ“ во четвртокот соопшти дека започната е интерна  истрага по наводите за непримерно однесување на Канје Вест, неполн месец по одлуката на  германскиот производител на спортски производи да го прекине партнерството со раперот и моден дизајнер.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата велат дека ја иницирале истрагата откако добиле анонимно писмо со неколку обвинувања против музичарот, кој сега се вика Је.

Истрагата следи по извештајот на списанието „Ролинг стоун“, кој детално ги опишува наводните инциденти на несоодветно однесување на Је кон персоналот и потенцијалните вработени.

„Ролинг стоун“ цитираше интервјуа со повеќе од дваесетина поранешни вработени во „Јизи“ (Yeezy) и „Адидас“.

Според истиот извор, поранешни вработени испратиле анонимно писмо до „Адидас“ во кое откриваат дека некои челници во компанијата биле свесни за однесувањето на Је, но „замижиле и го исклучиле својот морален компас“.

„Во моментов не е јасно дали обвинувањата изнесени во анонимното писмо се вистинити“, рече портпаролот на „Адидас“ во изјава за Ројтерс.

„Сепак, ние ги сфаќаме овие наводи многу сериозно и донесовме одлука веднаш да започнеме независна истрага.“

Можете да прочитате

Втората половина од февруари носи силен пресврт: за некои знаци завршува долг животен циклус

Како да препознаете сочен и вкусен портокал при купување?

Коскената супа станува сè попопуларна кај луѓето што внимаваат на здравјето