Утрински Весник
Македонија

Адеми во Прага: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да продолжи

Адеми во Прага: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да продолжи

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, денес во Прага имаше говор посветен на Европската перспектива на Западен Балкан и на земјите од Источното партнерство, во рамките на вториот ден од Конференцијата на комисиите за европски прашања-КОСАК.

dobivaj vesti na viber

Адеми ја нагласи важноста на процесот на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, како една од најсилната геополитичка и безбедносна алатка за зачувување на стабилноста и поттикнување на просперитетот.

Во тој контекст, рече, дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан треба да продолжи, во насока на одвивање на преговарачкиот процес на Северна Македонија и Албанија, потенцијален кандидатски статус на Босна и Херцеговина и на Косово, напредок во пристапните преговори на Црна Гора и Србија во ЕУ и создавање на одржлив однос на западните институции со Украина, Молдавија и Грузија. За дијалогот помеѓу Косово и Србија рече дека треба да се постигне финален договор со меѓусебно признавање помеѓу двете земји.

Во однос на нашите евроинтегративни процеси истакна дека, Северна Македонија го одбележа долгоочекуваното отворање на преговорите и дека земјата си постави за цел до 2030 година, да завршат преговорите за ЕУ членство.

Адеми, за руската воена агресија на Украина, рече дека претставува опасност која може да влијае на поделба и дестабилизирање на Европа, и дека е потребно да се зачувува единството на ЕУ и давање на заеднички одговор. Притоа, ја нагласи нашата целосна поддршка на политиката на солидарност со украинскиот народ, која ја спроведуваат земјите членки на ЕУ во однос на давањето на секаква помош, како и во однос на преземените мерки на санкции кон Русија.

Во расправата, беше осудена руската агресија против независна Украина, која покажа на најтрагичен начин, колку е важно проширувањето на ЕУ со земјите од ЗБ и земјите од Централна и Источна Европа за безбедноста, мирот, единството, демократската трансформација и економскиот просперитет на целиот континент.

Можете да прочитате

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Одбележана 10 годишнината од настаните во Диво Насеље во Инџиково

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“