Утрински Весник
Македонија

Адеми: Говорот на Ковачевски беше силен и инспиративен

Visar Ademi.jpg

Говорот на Ковачевски беше многу силен и инспиративен, тој синоќа имаше државотворен однос кога кажа дека најодговорни за овој резултат сме ние СДСМ, не ги обвини ниту Албанците, ниту пензионерите и спомна неколку причини за таквиот пораз, рече во интервју за Слободен печат аналитичарот Висар Адеми.

,,Сега, колку фајде имаат гласачите од тоа, тоа е друго прашање, но навистина, како човек кој две години бил премиер, целата одговорност ја презеде врз себе, што е нетипично за Македонија. Имало досега преземање одговорност но тоа секогаш било пост фестум, на самиот ден на избори вечерта после резултатите, јас како што паметам, ниеден човек не кажал толку силно кажал дека одговорноста ја презема на свои плеќи” рече тој.

Според него во државата доаѓа нова фаза на една одредена демократска зрелост.

,,Тоа е силен говор, кој треба негде да се запише, за секој човек кога утре ќе изгуби да го прочита и да сфати дека почнува од индивидуалната одговорност. Сето ова ја покажува зрелоста на македонското општество. Ние имавме убиства на избори, изборни кражби а сега влегуваме во една нова фаза на зрелост” порача Адеми.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег