Утрински Весник
Македонија

Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат за нов претседател на ДКСК

Beyaz ve sari modern araba surus teknikleri youtube kucuk resmi 1 1024x576.jpg

Актуелниот генерален секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, е оценет како најуспешен кандидат во постапката за избор на нов претседател на Комисијата. Чучуљ освои 96,50 поени од Комисијата за селекција на кандидати, која беше формирана од собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата.

Во оценката, селекциската комисија истакнала дека Чучуљ има значително искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Позицијата претседател на антикорупциската комисија остана празна откако Татјана Димитровска поднесе оставка, откако беше обвинета во случајот „Адитив“.

На второ место, со 86,33 поени, е рангиран Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер по антикорупциски науки и актуелен помошник на Главниот ревизор. Трет е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник и доктор на политички науки, со освоени 81,83 поени.

Според најавите, утре ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која треба да се гласа за кандидатот за претседател на ДКСК, врз основа на направената селекција.

За позицијата првично конкурираа 13 кандидати, но еден го повлече апликацискиот материјал, а двајца не ги исполнија условите, по што во трката останаа десетмина.

Можете да прочитате

Средба на делегација предводена од министерот за култура и туризам Љутков со еврокомесарот за  меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Микалеф

Газдата на „Пулс“ манипулирал со фискални апарати со години!

Поднесени кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот Пулс во Кочани