Утрински Весник
Спорт

Адејеми го наттрча Енцо, Дортмунд ќе патува во Лондон со предност

Адејеми го наттрча Енцо, Дортмунд ќе патува во Лондон со предност

Борусија Дортмунд ќе патува во Лондон за реваншот со Челси во осминафиналето на Лигата на шампиони со 1:0 предност по интересниот меч на „Сигнал Идуна парк“. Бенфика, пак, ќе може да го потври местото во четврт-финалетео на домашен терен, откако победи на гости кај Бриж со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Во израмнетиот меч пред фантастична атмосфера на „Сигнал Идуна парк“, човек на одлука беше Карим Адејеми, кој во фантастична соло-акција, го наттрча најскапото засилување во историјата на Челси, Енцо Фернандез, па го совлада  и Кепа Аризабалага во 63. минута.

Челси се обидуваше да израмни во финишот на мечот, и беа многу блиску до голот, кога топката беше извадена од гол-линијата во 84. минута.

Во Белгија пак, поранешниот клуб на Фернандез, Бенфика стигна на чекор до четврт-финалето, откако со 2:0 го совлада Клуб Бриж. Жоао Марио ги донесе португалскиот клуб во водство во 51. минута, пред во 88. минута, Давид Нереш постигна гол за потврда на победата.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Борусија Дортмунд – Челси 1:0
Клуб Бриж – Бенфика 0:2

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила