Утрински Весник
Економија

АД ЕСМ разменува искуства со Шведска за системот за парно греење

АД ЕСМ разменува искуства со Шведска за системот за парно греење

Претставници од АД ЕСМ и Регулаторната Комисија за енергетика се сретнаа со претставници од Шведска со цел размена на искуства во однос на градските ситеми за парно греење.

dobivaj vesti na viber

Од страна на шведските претставници, пратеничката Јуте Гутеланд и заменик градоначалникот на Малме, Седат Ариф беше пренесено искуството од ,,Паметното централно греење’’ кое во Шведска се базира пред се` на секундарна топлина од производните процеси на блиски фабрики и дополнителна топлина од био-отпад.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, помошник директорката за производство во АД ЕСМ, Александра Маројевиќ, директорот на Енергетика, Далибор Богдановски и директорот на ЕСМ Производство на топлина, Златко Пиперкоски, ги изнесоа состојбите со греењето во градот Скопје, користењето на природниот гас како основен енергенс, и предизвиците кои ги носат со себе резервните енергенси, мазутот и дизелот, но и определбата на Владата за енергетска трансформација на целиот енергетски сектор, вклучувајќи го тука и греењето на главниот град.

АД ЕСМ како компанија која го презеде системот на парно греење по задолжение од Владата по неможноста претходните снабдувачи да испорачуваат топлина, работи на повеќе прашања поврзани со оптимизација на системот и негово ширење, со цел што повеќе жители на Скопје да се приклучат кон централно греење.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk