Утрински Весник
Македонија

АД „Д-р Пановски“ демантираат дека примиле пресуда од Управниот суд

Screenshot 20250612 211925 gallery.jpg

АД „Д-р Пановски“ во врска со денешните објавени информации од Комисијата за заштита на конкуренцијата, со кои се информира јавноста дека Вишиот управен суд со пресуда го потврдил решението за постоење на забранет договор – картел помеѓу АД „Д-р Пановски“ и Фарма Трејд ДООЕЛ Скопје, за јавна набавка спроведена во 2016 година, информира дека досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции.

За споменатата јавна набавка, од компанијата посочуваат во соопштението до јавноста, дека во изминатите осум години, веќе била предмет на интерес на надлежните државни институции.


-Во интерес на објективно информирање на јавноста, сметаме дека е неопходно да потенцираме дека Управниот суд во две претходни постапки, два пати правосилно утврди дека АД „Д-р Пановски“- Скопје нема сторено никаков прекршок и со тоа ги отфрли наводите дека наводно била нарушена деловната конкуренција за посочената јавна набавка. Оттука, крајно сме изненадени и зачудени како е возможно за ист предмет, ист суд, да одлучи поинаку во трета постапка, стои во соопштението од компанијата.

Земајќи предвид дека АД „Д-р Пановски“ е компанија со странски капитал и претставник на реномирани светски фармацевтски компании во Македонија, застапува лекови за најтешко болните пациенти кои се лекуваат во јавното здравство, посочуваат дека имамат обврска да го заштитат нивниот корпоративен углед.

Од комапнијата посочуваат и дека целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови, бидејќи, според нив, тие се регулирани исклучиво од Министерството за здравство. Тоа значи, се додава понатаму, дека за споменатата јавна набавка АД „Д-р Пановски“ понудил цени во висина која предходно ја определиле ресорните надлежни институции.

-Согласно горе наведеното, нашиот правен тим се подготвува да ги искористи сите вонредни правни лекови пред домашните судови, но и да се обратиме пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за правно вознемирување. Во меѓувреме ќе се обратиме и до претставниците на меѓународниот фактор во земјава, кои ќе ги информираме за оваа нарушена правна сигурност и загрозено владеење на правото, што практично ги отежнува околностите за нашето деловно функционирање, а со цел да се заштитат правата, интегритетот и деловната репутација на компанијата, посочуваат од „Др. Пановски“.

Воедно, од комапнијата упатуваат охрабрување до извршната и законодавната власт „да ги превземат сите неопходни дејствија за вистински реформи во правосудниот систем“.

-Крајно време е да се стави точка на самовластието во правосудството, кое се рефлектира и врз приватните компании кои веќе 30 години редовно го полнат буџетот на Македонија, стои во реакцијата на АД „Д-р Пановски“ – Скопје.

Вишиот управен суд ја потврди одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата, со која е утврдено дека веледрогериите АД „Д-р Пановски“ и „Фарма Трејд“ ДООЕЛ Скопје склучиле забранет договор – картел, при учество во јавна набавка за медицински продукти за што им се изречени казни на АД „Д-р Пановски“ од 1.061.000 евра, а на „Фарма Трејд“ 721.000 евра.

Можете да прочитате

Умерен топол бран од Африка во Македонија: Имаме температури околу просекот за јуни

АА: Затворањето на нелегалните онлајн казина кои можат повторно да се отворат од кој било дел на светот – политички театар

Состојбата меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија