Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

Acevski sdsm 4389893489 650x341 1.jpg
300x250 opst2

Под превезот на населба за млади, Имер Селмани ќе добие можност да изгради нови згради во Општина Ѓорче Петров, вели во гостување во „Слободен печат“ кандидатот за градоначалник од СДСМ, Костадин Ацевски.

  • Сега има планирано една нова населба со убаво име, „Богородица“, за млади брачни парови во Ново Село, таму најавуваат дека ќе донесат урбанистички план. Но не кажуваат дека веднаш до црквата во Ново Село, и на просторот веднаш до државното земјиште кадешто ја предвидуваат таа населба, 5.500 квадрати има истиот инвестититор на кој му доделија висококатница во СЗ 16, Имер Селмани. Така да, секогаш користат убави изговори, ќе имало населба за млади брачни двојки, ќе имало градинки, ама тоа се урбанистички планови кои предвидуваат нови и нови згради.

Они кажуваат дека во ДУП-от за Хром, кадешто веќе е невозможно да се функционира, дека бил донесен пред нив, меѓутоа поминати се две години и можат да го сменат, може да не издаваат дозволи за градби каде што нема локациски услови, а нема локациски услови. Дополнително таму каде што е предвидено индивидуално домување, куќи, таму никнуваат згради.


Нивната идеја и визија за развој е само брз профит, нашата идеја е хуман развој на Ѓорче, значи човекот пред профитот. Прво да се стопира бетонизацијата особено во централниот дел на Ѓорче, да се стопира издавањето на градежни дозволи за згради кај што нема локациски услови, да нема згради повисоки од 5-6 ката каде што има локациски и просторни услови. Образложението дека поздрави биле висококатници за животната средина, не е точно, висококатници многу поштетно влијаат на животната средина од повеќе аспекти, вели Ацевски.

Можете да прочитате

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

Меџити: Во Дуќанџик инвестиција од 2 милиони евра за модерна инфраструктура и достоинствени услови за жителите

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа