Утрински Весник
Македонија

Ацевски: На ВМРО-ДПМНЕ Џафери не им пречеше кога го гласаа за министер за одбрана, а сега како технички премиер им пречи

Dad 9029 1536x1022 1
Dik 300x250 mk

За одредени процеси во државата кои се во интерес на граѓаните треба сите да имаме став и да преземеме одредена одговорност, апсурдно е псотојаното бегање од одговорност на ВМРО-ДПМНЕ изјави за Студио на Слободен печат, директорот на Македонија пат и член на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Ацевски.

Тој го коментираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го гласаат Талат Џафери за технички премиер.

„Ним (ВМРО-ДПМНЕ) Талат Џафери не им сметал да го гласаат како министер во одбрана тогаш не им сметал како политички мнистер со целосни ингеренции а сега како технички премиер во една техничка влада која е во мандат за обезбедување фер и демократски избори сега им е проблем. Ова е нон сенс. Тоа е како да земеме еден пример, сакаме да одиме во Европа, се качуваме во колата што оди во Европа, меѓутоа сите ќе седиме позади никој не сака да вози“ рече Ацевски.

Според него таквиот начин на функционирање не води никаде и не завршува добро.

„Кога ќе предложите некои имиња треба да ја потврдите поддршката за тие имиња со гласање во Собрание. Сега ако имаат партиски несогласувања или проблем со пратениците да поддржат некои имиња, тоа треба да го решат внатре во партијата, но да учествувате во нешто и да не преземете одговорност или да не сакате да гласате за техничка влада во која ќе улествувате и ќе имете ингеренции а да не гласате тоа е апсурд“ заклучи Ацевски.

 

Можете да прочитате

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик