Утрински Весник
Спорт

Абубакар: Не заминав од Ал Наср поради Роналдо

Абубакар: Не заминав од Ал Наср поради Роналдо

Фудбалерот на Бешикташ и репрезентативец на Камерун, Винсент Абубакар изјави дека го напуштил Ал Наср од семејни причини, а не поради Кристијано Роналдо.

dobivaj vesti na viber

Абубакар замина од Ал Наср на почетокот на годината, откако Роналдо пристигна во клубот од Ријад. Некои медиуми објавија дека Камерунецот го напуштил клубот поради правилата на Професионалната лига на Саудиска Арабија кое го ограничува бројот на странски фудбалери.

Сепак, Абубакар тврди дека Роналдо инсистирал Камерунецот да остане во клубот од Ријад.

„Разговаравме и Кристијано ми рече дека сака да останам. Му реков дека сакам да заминам од семејни причини. Ме праша каде е моето семејство. Во тоа време моето семејство беше во Франција. Сакав да одам во Турција, затоа што би бил поблиску до Франција“, откри Абубакар.

„Роналдо ми кажа дека тоа е добра одлука, но дека мојата ситуација е комплицирана кога сум далеку од семејството“, додаде камерунскиот репрезентативец.

Абубакар (31) пред Ал Наср играше за Бешикташ, Порто, Лориен, Валенсиен и Котон Спорт. За Бешикташ од почетокот на годината одигра четири натпревари.

За Камерун одигра 94 натпревари и постигна 35 голови.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина