Утрински Весник
Свет

Абот: Тексас продолжува да ја гради бариерата на границата со Мексико

20240227074846 big 730x400 82.webp.webp

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, соопшти дека Националната гарда на оваа американска сојузна држава продолжува да ја гради бариерата на границата меѓу САД и Мексико.

„Националната гарда на Тексас продолжува да ја гради препреката за да го оневозможи нелегалниот влез на мигрантите. Федералниот закон бара од администрацијата на Бајден да го направи тоа, но таа не го прави тоа. Затоа Тексас ја гради бариерата”, напиша Абот на социјалната мрежа Х.

Во последните месеци голем број илегални мигранти се обидоа да влезат во САД преку мексиканската граница, што предизвика спор меѓу Тексас и федералните власти во Вашингтон.

Кон крајот на јануари, Врховниот суд на САД донесе одлука да им дозволи на агентите на американската гранична патрола да ја отстранат жичаната бариера што властите во Тексас ја поставија долж границата со Мексико за да спречат нелегални гранични премини.

И покрај ова, властите во Тексас продолжија да ја градат бариерата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа