Утрински Весник
Македонија

Абази за Ахмети: Можеби сме се сретнале, немам лични контакти

Абази за Ахмети: Можеби сме се сретнале, немам лични контакти

Ислам Абази, наследникот на шефовската позиција која ја имаше Вилма Русковска, посочува дека нема никакви релации со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој не исклучува дека некогаш се сретнале во Зајас, местото од каде потекнуваат и двајцата. Пред новинарите посочи: „Дружењето со такви личности не е во смисла забрането. Тоа е непристојно дружење во смисла ако има непристојно дружење“. Абази за Ахмети додаде: „Можеби сме се сретнале. Лични контакти немам“.

dobivaj vesti na viber

„Јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија. Според тоа никој пат не сум бил ниту, пак, сум член на  која било политичка партија ниту сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија“, кажа новиот шеф на ОЈО-ГОКК.

Бидејќи се шпекулираше дека е близок до ДУИ, а со тоа и дека затоа е избран за шеф на обвинителите, тој пред новинарите објасни и како ги освоил гласовите кога немал претставување.

„Со колегите се познаваме долги години. Кога ќе ја видите структурата на гласови како сум ја добил по вишите подрачја ќе видите дека имам гласови од апелациските подрачја Битола, Штип, Гостивар… Тие во мене препознаа човек кој ќе биде успешен.
Најпрво ќе се запознаам со состојбите и работите во тоа обвинителство и битно е да се пополнат празните работни места за обвинители, да ги пополниме местата во истражниот центар и да воведеме дигитализација на јавното обвинителство“, додаде Абази.

На обвинителот Ислам Абази му е предизвик да работи како шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција, рече пред новинарите. Се заблагодари за гласовите и кажа дека за него се мотив за професионално да раководи. Тој беше избран со 66 гласови, а право на избор имаа 163 обвинители.

Можете да прочитате

Конкурсот на наградата „Илија Жупаноски“ е отворен до 1 октомври

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Како да се заштитиме од гром?!

СДСМ до Мицкоски: Декласифицирај, па да видиме кој е уплашен