Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Абази бара да не биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители

Абази бара да не биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители
300x250 opst2

Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

dobivaj vesti na viber

Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор.

„Како што истакнав и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментоТ е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да падне каков било сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката“, истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.​

Можете да прочитате

Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“