Утрински Весник
Свет

Абас: Признавањето на палестинската држава е чекор кон траен мир

20250921182138 big 730x400 53.webp.webp

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, смета дека признавањето на независноста на Палестина од страна на западните земји е чекор кон праведен и траен мир, соопшти неговиот кабинет.

– Претседателот на Палестинската држава, Махмуд Абас, го поздравува соопштението за признавање на независна палестинска држава од страна на Обединетото Кралство, потврдувајќи дека ова е важен и неопходен чекор кон постигнување праведен и траен мир, се вели во првото соопштение на претседателството, по што Абас го поздрави признавањето и од Канада и Австралија.


Во пишаната изјава тој наведува дека „признавањето на правото на палестинскиот народ на самоопределување, слобода и независност ќе го отвори патот за спроведување на решението со две држави и ќе ѝ овозможи на палестинската држава да живее рамо до рамо со Државата Израел во безбедност, мир и добро разбирање“.

Обединетото Кралство, Канада и Австралија денеска истовремено објавија дека донеле одлука официјално да ја признаат Палестика како суверена држава.

Можете да прочитате

Руската Централна банка бара 200 милијарди евра отштета од „Еуроклир“

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во  Сиднеј

Зеленски е подготвен да се откаже од членството на Украина во НАТО во замена за безбедносни гаранции од САД и ЕУ