Утрински Весник
Свет

Абас: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

20250423150708 big 730x400 58.webp.webp

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска ја повика палестинската милитантна група Хамас да се откаже од одговорноста за Појасот Газа, да го предаде оружјето на палестинската управа и да се претвори во политичка партија.

Во последниве месеци, Хамас ги отфрли повиците на Израел и САД да го положат оружјето. Абас ги даде своите забелешки во говорот за време на состанокот во градот Рамала на Западниот Брег, каде што се очекува да именува наследник, како дел од напорите да се решат меѓународните сомнежи за одржливоста на палестинската управа во критично време за регионот.


-Хамас мора да се откаже од одговорноста за Газа, да го предаде оружјето на палестинската управа и да се трансформира во политичка партија, рече Абас.

Абас го критикуваше нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, за кој рече дека му дал изговор на Израел да ја уништи Газа. Израел започна воена кампања во Газа по нападот предводен од Хамас.

Абас ги повика светските лидери да го принудат Израел да ја прекине војната.

Хамас, кој се противи на напорите на Абас да постигне мир со Израел, го обвини за уништување на милитантните фракции на Западниот Брег, окупиран од Израел. Групата веднаш не ги коментираше новите изјави на Абас.

Абас ги повика светските лидери да го принудат Израел да ја прекине војната во Газа, да ги повлече своите сили и да ги прекине активностите на еврејските населби, додавајќи дека не може да има мир додека Палестинците не воспостават држава во границите што постоеја пред војната на Блискиот Исток во 1967 година. Во 2007 година, Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа, додека Западниот Брег остана легитимна палестинска управа со претседателот Абас на чело

Можете да прочитате

Невиден пожар во Њу Џерси: Зафатена шума, илјадници луѓе се евакуирани

Луѓето скокаа од височина во паника – Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул

Зошто папата не може да биде донатор на органи и по смртта