Утрински Весник
Спорт

АБА 2: МЗТ Скопје ја надигра Војводина во Нови Сад

Bakovic Vs Vojvodina.jpg

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Нови Сад ја победи Војводина со 89:84 и направи голем исчекор кон четвртфиналето во регионалната АБА 2 лига.

Избраниците на Атанасов се стекаа со двоцифрена предност во првата четвртина (24-12) и истата ја задржаа до паузата (54:42). Војводина во третиот период беше подобра со 19-11 и водена од таа енергија во завршниот период во неколку наврати имаше и минимална предност, меѓутоа „металците“ соодветно одговараа и на крајот беа подобри кога се решеваше победникот и заслужено дојдоа до триумф во оваа пресметка.

Баковиќ со 17 поени ја предводеше листата на стрелци, Ворку и Стојановски (Војдан) уфрлија по 13, Делалиќ има 12, а Танасковиќ 11 кошеви. Николиќ за Војводина имаше дабл-дабл од 20 поени и 12 скокови.

„Штрковите“ сега имаат 7-3, учинок кој го имаат Војводина и Широки Бријег, поточно подобри се само Златибор Чајетина и Суботица со 8-2.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ