Утрински Весник
Македонија

AA: Во Собрание се потврди, оваа Влада нема легитимитет и е моноетничка

Alijansa za albancite.png

Соопштение на Алијанса за Албанците:

Денес, во Собранието, највисоката законодавна институција во земјата, позната и како „дом на граѓаните”, официјално беше потврдено она што го кажуваме веќе една година. Оваа Влада нема етнички легитимитет, не ги претставува сите граѓани и сите етнички заедници, туку е моноетничка Влада која се обидува да ги наруши и дискриминира другите, особено Албанците.


За време на гласањето за измените на Изборниот законик, предлогот на оваа Влада доби само 11 гласови од пратениците на немнозинските заедници, додека 18 гласаа против. Ова е уште една официјална потврда дека оваа Влада нема Бадентерово мнозинство и дека сака да функционира без еден од главните столбови на Охридскиот договор и важечкиот Устав.

Ги повикуваме албанските партии во Владата да го напуштат овој вазализам, правилно да ја прочитаат волјата на Албанците и да го прифатат фактот дека немаат потребен легитимитет да останат таму каде што се, потчинети и понижени секој ден.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија