Утрински Весник
Македонија

АА: ВМРО предлага вработувања во полицијата „без оглас” и „без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Alijansa za albancite.png

Соопштеие на Алијанса за Албанците:

Откако ги узурпираше раководните позиции во сите институции, моноетничката влада на ВМРО сега одлучи да ги исчисти редовите на редовната полиција од Албанци. Со новите измени предложени во Собранието, бришењето на членот 96, кој предвидува правична етничка и родова застапеност, не е единствената промена што ги засега Албанците. Дополнително, предлогот предвидува полицијата да може да врши и вработувања без оглас.


Кога ќе го разгледаме досегашниот пристап на оваа влада, лесно е да се разбере дека вработувањата без оглас ќе важат само за Македонци и партиски милитанти на ВМРО.

Ова јасно се гледа во предлогот во првиот став од членот 97, кој го дефинира вработувањето, да се додадат зборовите „и без јавен оглас”, додека во вториот став да се отстранат зборовите „По исклучок”, што значи дека вработувањата без оглас ќе се вршат во секое време.

Во целата оваа ситуација, партиите од коалицијата ВРЕДИ и заменик-министерот за внатрешни работи, наместо да го спречат ова, избраа да дејствуваат како адвокати на ВМРО и да ги релативизираат нападите врз Албанците.

Можете да прочитате

Семејствата на загинатите во Кочани бараат Мицкоски да ја објави целата снимка од состанокот

Затворен е автопатот Скопје – Тетово во двата правци

Левица: Предложивме платено породилно отсуство, но власта одбива и ги дискриминира жените земјоделки