Утрински Весник
Македонија

Ја сакаше Вила Водно, сега го сака Чаир – Др.Бујар Османи во трка за градоначалник!

Img 2853.jpeg

Од министер за здравство, до министер за надворешни работи, до кандидат за претседател на државата – и сега,доктор Бујар Османи како кандидат за градоначалник на општина Чаир од редовите на ДУИ.

Во Фејсбук статус што го објави денес, Османи објави дека по „голем број консултации и сериозно преиспитување“, одлучил да ја побара довербата на граѓаните на Чаир, за – како што вели – да понуди искрена, целосна и професионална посветеност.


„Не се работи за функција. Се работи за одговорност кон сопствениот дом… Се работи за моите соседи, за нас, за иднината на нашите деца“, напиша Османи, посочувајќи дека сака Чаир да го промени за да пораснат во него и неговите деца „Мал, Елиза и малиот Луан“.

Со оваа најава, Османи прави уште еден политички пресврт – од кандидат за највисоката функција во државата, сега се кандидира за локална власт, и тоа во една од најсимболичните и најконтроверзни општини во Скопје – Чаир.

„На Чаир му се потребни вистински, длабоки и човечки промени“, додава Османи во статусот, посочувајќи дека сака „да отвори нова страница, со врата што никогаш нема да биде затворена за граѓаните“.

Со оваа кандидатура, се отвора и прашањето – дали ДУИ со Османи сака да го „закрепи“ Чаир во пресрет на следните парламентарни трансформации, или ова е дел од поширока стратегија за враќање на рејтингот на терен, каде во последните избори партијата загуби сериозен број гласови?

Можете да прочитате

Македонци останаа на аеродром во Истанбул за Скопје – без лет, без храна, без сместување

Македонски државјанин се удави во Албанија

Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница