
Вечерва се емитува новата епизода на поткастот “Зрак” до доктор Марина, во која овојпат се зборуваше за лимфомите, односно ракот на лимфниот систем. Гости во студиото се доктор Божидар Кочовски и пациентаката Ајлин која за среќа е победник во борбата со Хочкин лимфом.
Ова е една позитивна и инспиративна приказна која треба да е пример за сите други пациенти кои се соочуваат со оваа болест.
За среќа кај неа бил дијагностициран помалку опасниот тип на рак на лимфните жлезди кој е поспоро растечки, односно помалку агресивен тип на рак. Нејзината битка почнала во март 2011 година и тоа во трет стадиум, односно понапреден стадум, но за среќа со добро погодена терапија и позитивниот став од битката за помалку од една година излегла како победник.
Имено кај неа голготата започнала откако имала тегоби во стомакот, односно постојано и необјасниво повраќање, вртоглавици, слабеење и ждригавица која вели била многу тешка. Ајлин најпрво била пратена на неврологија каде и биле правени најразлични тестирања на главата, но по три недели поради тегобите во стомакот и желудникот била пратена на снимање каде и било најдено дека е засегната слезината, односно дека истата е потполно уништена и треба оперативно да се извади, при што со правење на пункција е дојдено до дијагноза рак на лимфни жлезди, односно хочкин лимфом.
Откако и била направена операцијата вели веднаш почувствувала олеснување и повраќањето и се смирило, по што била пратена на 2 циклуси (12 дози) хемотерапија. Како што истакна во моментот таа не сакала да знае ништо за болеста, имала доверба во лекарскиот тим и прашувала само она што сака да знае, нејзиниот сопруг бил информиран за се и тој бил нејзина најголема поддршка.
Токму затоа таа вели дека е многу важно пациентите да се соочат со болеста, да ја прифатат состојбата и да продолжат да се борат, затоа што вели токму тогаш таа сфатила дека животот е убав и мора да се избори бидејќи сака да живее.
Овој психолошки момент вели е многу битен во борбата со оваа болест, па вели таа и додека примала хемотерапии си го продолжила живото најнормално, па дури и по два дена од примање на терапија одела на работа, затоа што така се чувствувала подобро.
По примените циклуси хемотерапија била во Турција на пет-скен каде и било кажано дека организмот е исчистен од малигдни клетки, но потоа примила уште и радиотерапија, и за среќа завршила со болеста.
Ајлин зачна и уште една важна тема при користење на хемотерапија, а тоа е можноста за стерилитет. Таа вели во моментот на болеста не била остварена како мајка, па веднаш и било предочено дека постојат шанси таа и сопругот никогаш да немаат деца.
Три години по болеста, Ајлин го родила своето дете кое сега има 10 години, па како што истакна и докторот е уште еден пример зошто пациентите никогаш не треба да очајуваат и да се откажуваат, туку да се борат за своето чудо.
Целиот разговор можете да го погледнете во поткастот во продолжение: