Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Ја лажирал сопствената смрт, па се појавил на погребот: Сакал да му одржи лекција на семејството

Ја лажирал сопствената смрт, па се појавил на погребот: Сакал да му одржи лекција на семејството
300x250 opst2

Еден Белгиец ја лажирал сопствената смрт, а потоа се појавил на својот погреб во хеликоптер во драматичен перформанс чија цел била да го научи своето семејство на лекцијата дека е важно да се остане во контакт.

dobivaj vesti na viber

Дејвид Бертен (45) им го претставил овој план на сопругата и децата и тие му помогнале да ја изведе претставата. Една од неговите ќерки помогнала во измамата пишувајќи на Тик-ток: „Почивај во мир тато. Никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку неправеден? Зошто ти? Требаше да станеш дедо и уште цел живот го имаше пред тебе. Те сакам, те сакаме. Никогаш нема да те заборавиме“.

Многу корисници на социјалните мрежи ја осудија оваа „сурова шега“.

Семејството минатиот викенд организирало „погреб“, а додека се собирале роднините на Дејвид, тој се појавил во хеликоптер со камермани. „Дејли мејл“ пишува дека „лошата“ шега на белгискиот „тиктокер“, кој има 162.000 следбеници, наишла на сериозни критики.

Дејвид морал да ги објасни своите постапки. Тој посочил дека тоа го направил за да види како ќе реагира неговото пошироко семејство откако изјавил дека повеќе не одржуваат контакт со него.

– Тоа што го гледам во семејството често ме боли. Никогаш не ме канат на ништо. Никој не ме гледа. Сите пораснавме одделно. Чувствувам дека не сум ценет. Затоа сакав да им дадам животна лекција и да им покажам дека не треба да чекате некој да умре за да го видите – рекол тој.

Додека Дејвид сè уште ја нема објавено целата снимка од својот настап, колегата „тиктокер“ кој бил на погребот споделил снимка од слетувањето на хеликоптерот и прегрнувањето со „покојникот“. Блискиот пријател на Дејвид, Томас Фаут сподели емотивна снимка од двајцата во прегратка и покрај неа напиша: „не зафркна“.

– Плачев, а потоа доживеав шок – рекол тој.

Иако „само половина“ од неговото семејство дошло на погребот, Дејвид рекол дека оттогаш со него контактирале и други роднини.

– Тоа покажува кој навистина се грижи за мене. Тие што не дојдоа ме контактираа. Значи на некој начин победив – рече тој.

Некои од неговите онлајн поддржувачи се согласуваат дека ова била вредна „животна лекција“ и го советуваа Дејвид „да ги игнорира хејтерите“. Многумина признаа дека и самите биле измамени од неговата „шега“, но дека им олеснало што тој сè уште е жив.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време