
Главата беше отстранета од споменикот на Јосип Броз Тито на истоимениот плоштад, во словенечнкиот град Велење. Полицијата објави дека го пронашла сторителот.
„Го осудуваме вандализмот што беше извршен ноќе на плоштадот Титовиот плоштад во Велење, каде што непознат сторител го оштетил споменикот на Тито и му ја извадил главата. Најостро го осудуваме секој таков чин и нагласуваме дека нема место за вандализам и напади врз културното и историското наследство во нашиот град“, соопшти општина Велење.
Претходно, случаен минувач пријавил дека видел човек како товари голем метален предмет во неговиот автомобил. Патролните службеници набрзо го запреле 49-годишниот возач на автомобилот бидејќи тој се совпаѓал со описот што го пријавил граѓанинот.
Автомобилот имал две различни хрватски регистарски таблички, а зад воланот бил 49-годишен маж од областа Велење, кој во багажникот ја пренел главата од бронзената скулптура на Тито, додадоа тие.
„Ова е гнасен чин на сквернавење на културното и историското наследство“, објави Полициската управа во Целје, додавајќи дека местото на злосторството е сè уште под истрага и дека се собираат информации поради сомнение за кривично дело оштетување или уништување предмети од посебно културно значење или природна вредност.
Словенците не се „откажаа“ од Тито.
.

