Утрински Весник
Свет

Ајфеловата кула евакуирана поради закана за бомба

Ајфеловата кула евакуирана поради закана за бомба

Три ката од Ајфеловата кула се евакуирани поради закана за бомба, пренесува France24.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека специјална единица за деактивирање бомби и полиција ја пребаруваат областа, вклучително и ресторан на еден од катовите.

„Ова е вообичаена процедура во оваа ситуација, која, сепак, е ретка“, рече портпаролката на компанијата што управува со кулата.

Посетителите беа евакуирани од трите ката и од плоштадот под споменикот нешто по 13:30 часот.

Ајфеловата кула е најзнаменитиот симбол на Франција, а минатата година привлече 6,2 милиони посетители.

Можете да прочитате

Британското МВР воведува нова полициска единица слична на ФБИ

Кубанскиот претседател повикува на воена подготвеност на островот поради американските закани

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“