Утрински Весник
Македонија

„Aџет“ од јули воведува директни сезонски летови од Скопје до Бодрум

Avion.jpg

Нискобуџетната турска авиокомпанија „Aџет“ (AJet) следното лето повторно го проширува своето присуство на македонскиот пазар, најавувајќи нова сезонска авиолинија што ќе ги поврзува Скопје и Бодрум. Како што пренесува авијацискиот портал „Екс ју авиејшн“, линијата ќе стартува на 2 јули 2026 година, со по еден лет неделно, секој четврток.

Покрај Бодрум, компанијата ја зацврстува и својата регионална мрежа со нов сезонски лет кон Сараево, кој ќе започне од 28 јуни, исто така со неделна фреквенција.

И двете дестинации не и се непознати на „Aџет“. Авиокомпанијата, во соработка со „Анадолуџет“, веќе имаше редовни летови кон Скопје во периодот 2022–2024, како и кон Сараево од 2021 до 2024 година, при што бележеше стабилен интерес во летните сезони.

Со новите линии, „Aџет“ ја продолжува својата стратегија за развој на туристичките врски на Балканот со турските летни центри, а на македонските патници им нуди уште една директна опција за летен одмор на Егејското и Медитеранското крајбрежје

Можете да прочитате

Криумчарење мигранти: Скопјанец криел пет Египќани во автомобил

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ народот го нарекува куче

Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори