Утрински Весник
Спорт

Ајакс и Панатинаикос поставија рекорд во меѓународниот фудбал со 34 пенали

20240816094931 Big 730x400 98.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Холандски Ајакс и грчки Панатинаикос поставија нов рекорд во меѓународниот фудбал откако изведоа 34 пенали синоќа во реваншот во Амстердам во рамки на 3. квалификациско коло во Лига Европа.

Откако Ајакс победи со 1-0 на првиот натпревар во Атина, грчкиот тим возврати на реваншот, победувајќи со истиот резултат, а решавачкиот гол го постигна Тете во 89. минута.

Двете продолженија во Амстердам не донесоа промена на резултатот и победникот беше одлучен во пенал серијата во која беа изведени рекордни 34 удари од белата точка.

Холандскиот голман Ремко Пасвер беше херој на реваншот одбранувајќи пет пенали. Напаѓачот на Ајакс, Бреин Броби промаши два удари од белата точка, додека дефанзивецот на грчкиот клуб Тин Једвај реализираше два удари од белата точка, но Ајакс, сепак, триумфираше со 13:12 и се пласираше во плејоф рундата.

Апсолутниот рекорд, кој е на ниво на домашни првенства, беше поставен во мај оваа година на натпревар меѓу израелските третолигаши СЦ Димона и Шимшон Тел Авив, кои изведоа 56 пенали во полуфиналето од плејофот за пласман во повисок ранг.

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи