Замникот министер за одбрана Тирон Јајага денеска учествуваше на виртуелниот состанок на Контакт – групата за Украина, каде уште еднаш беше потврдено единството на сојузниците во поддршка на Украина. На состанокот заменикот министер Јајага истакна дека Северна Македонија има јасен став во однос на земјата која го брани својот суверенитет и територијален интегритет, а со тоа го брани и меѓународниот поредок базиран на правила и принципи. -Северна Македонија има јасен и недвосмислен став – руската агресија која предизвикува човечки страдања и огромно уништување мора да запре. Заедно со сојузниците остануваме на ставот дека ќе ја поддржуваме Украина додека е потребно, рече заменикот министер. Јајага посочи дека досега се донесени 12 одлуки за воена и хуманитарна помош и дека украински војници реализираа обука на најголемиот армиски полигон, Криволак.