Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје денеска регистрира 17 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19. Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата, како што се посочува, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 725, активни 204
• Куманово – 436, активни 35
• Дебар – 51,
• Штип-41, активни 6
• Прилеп –210, активни 46
• Тетово – 177, активни 82
• Струга – 75, активни 8
• Велес – 127, активни 41
• Битола –28, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5,
• Гостивар –21, активни 3
• Гевгелија – 4,
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6,
• Радовиш – 4,
• Крушево – 3,
• Кочани – 31,
• Пробиштип – 2,
• Кичево – 2,
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1,
• Македонски Брод – 2,
• Пехчево- 3,
• Делчево-1,
• Валандово -1,
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1,
• Свети Николе-1, активни 1
Направени се 258 теста и тоа преку: ИЈЗ –193, Биотек -57, Систина со PCR метода -1 и МАНУ -7. Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 54 пациенти од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се тројца пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се шест пациенти, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/ев/