Утрински Весник
Македонија

Новите 12 случаи со Ковид-19 во Скопје се од Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Карпош 1 и Аеродром

Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Од 37-те новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото денонокие, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството, дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1. рп/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“