Лондон, 24 мај 2020 (МИА) – Фудбалер на еден клуб од Премиер лигата е обвинет за групно силување за време на карантинска забава, пренесе „Дејли Стар“.
Жртвата, која остана анонимна од правни причини, се разбудила покрај фудбалерот во кревет и тврди дека тие ставиле дрога во нејзиниот пијалок за време на забавата.
Таа стравува дека е силувана од неколку пријатели на фудбалерот, вклучувајќи го и него, во изнајмениот стан.
Полицијата не сакала да ги коментира овие обвинувања, ниту дали разговарале со фудбалерот чиј идентитет засега е непознат.
Девојката се сеќава дека испила два пијалаци, а нејзините пријатели велат дека таа се однесувала многу чудно. Таа се разбудила следното утро со гребаници на нозете и со играчот без облека во кревет до неа.
Кога го прашала што се случило, тој и рекол дека имале секс ноќта претходно, но нејзините пријатели тврдат дека таа едвај можела да стои и дека сигурно не би можела свесно да се согласи на вакво нешто.