Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бајрам во Гостивар со помалку верници во џамиите

Бајрам во Гостивар со помалку верници во џамиите
300x250 opst2

Гостивар, 24 мај 2020 (МИА) – Славењето на муслиманскиот празник Рамазан (Фитр) Бајрам во Гостивар започна со утринска молитва (бајрамски намаз). Во сите џамии на гостиварското муфтиство молитвата се одвивала со намален број на верници заради препораките на здравствените власти.

Традиционално во централната Саат џамија муфтијата Шаќир ефенди Фетаху им се обрати на верниците кои носеа заштитни маски и распоредени на препорачана дистанца. Од муфтиството претходно упатија апел до верниците да не се собираат во поголеми групи на молитвата и доколку се можност, обредите да ги вршат во нивните домови. Од тие причини во џамиите имаше помалку верници, во споредба со претходните години.

Повеќето верници, по намазот кажаа дека годинешното славење на Бајрам ќе помине без посети на роднини, пријатели, соседи, а заедничкиот бајрамски ручек, како дел од традицијата, ќе помине во потесниот круг на семејствата. згм/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа

ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица