Утрински Весник
Македонија

Тетовскиот муфтија со празнична порака на три јазици

Тетовскиот муфтија со празнична порака на три јазици

Тетово, 24 мај 2020 (МИА) – Муфтијата од Тетово Ќани Ефенди Несими за муслиманските верници од тетовскиот регион упати честитја по повод празникот Рамазан Бајрам по пат на видео порака.

Тој честитката за Рамазан Бајрам и за значењето на празникот се обрати на три јазици-албански, турски и македонски јазик.

– Мирот, милоста и благосостојбата нека бдеат над вас. Драги браќа и сестри, почитувани верници, се уште сме во една вонредна состојба поради ширењето на пандемијата, така што во месецот на Рамазани шериф влеговме во оваа состојба. Ситуацијата не натера за месец Рамазан да ги откажеме сите наши манифестации, а дел од активностите беа само на веб страницата на муфтиството.Во овој месец се соочивме со страв, карантин и социјална дистанца. Клањањето на намаз со џемаат во џамии кои се места за заеднички молитви беа привремено паузирани, истакна во пораката Ќани Ефенди Несими, муфтија на тетовското муфтивство.

Тој истака дека вербата во Бог им помогнало на верниците во овие бурни времиња.

-Во текот на овие денови бевме потполно убедени и во секој момент се потсетувавме дека постои еден Бог и дека има една судбина од која што не може никој да избегне и дека единственото засолниште е тој створителот, бидејќи тој најдобро знае што да прави како треба да се направиме. Бевме свесни дека овие искушенија што се соочивме дека не беа искушенија само нашиот век во кој живееме туку со истите искушенија се соочиле и луѓето пред нас. Бајрам е еден дел од времто да ги заборавиме грижите и да се оттргнеме од одговорностите и должносите, Бајрамот е подарок од Алаџ за исполнување на ибадетот кој што верникот не го искажува само со јазик туку длабоко продира во неговата внатрешност, потенцира муфтијата Несими.

Муфтијата нагласи дека верниците и понатаму треба да ги почитуваат препораките на релевантни државни органи во врска со одржување на физичка дистанца за време на поздравувањето , за време на молитвите, да се носат маски и да се одржува чистотата. ас/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје