Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 59 лица, од нив приведени 32

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие  на територијата на Република Северна Македонија на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР денеска соопштија дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 255 прекршоци. цр/аа

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа

Филипче ќе посети земјоделци во Долни Балван