Утрински Весник
Спорт

Лампард: Фудбал е фудбал, дури и без публика

Лампард: Фудбал е фудбал, дури и без публика

Лондон, 24 мај 2020 (МИА) – Менаџерот на Челси, Френк Лампард е среќен со продолжувањето на фудбалот во Германија и со нетрпение очекува тоа да се случи во Англија.

Според него, дури и без публика, фудбалот носи радост.

– Нема навивачи, нема поддршка од трибини, што е особено силна во Англија. Поддржувачите ве влечат напред, принудувајќи да го дадете најдоброто. Но, дури и без публика, фудбалот е фудбал. Се уште се борите за три бода и честа на вашиот тим, изјави Лампард за веб-страницата на Челси.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“