Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Санчез не е во плановите на Солскјер за новата сезона

Интер на чело во Италија, деби за Санчез
Img 7972

Манчестер, 24 мај 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го вклучува напаѓачот Алексис Санчез во неговите планови за новата сезона. Чилеанецот во моментов е на позајмица во Интер, но „нероазурите“ нема да ја платат откупната клаузула и тој мора да се врати на „Олд Трафорд“.

Солскјер пред извесно време изјави дека е подготвен да му даде уште една шанса на Санчез, но според „Атлетик“, тренерот веќе се предомислил и нема намера да се потпира на 31-годишниот играч.

Сепак, ова го става Манчестер Јунајтед во многу комплицирана ситуација. Клубот ќе мора да бара нов напаѓач тим, но ова може да биде доста тешка задача. Чилеанецот прима 400.000 евра месечно и е најплатен играч на „црвените ѓаволи“. Сепак, неговата висока плата ќе одврати многу клубови кои се заинтересирани за него.

Во исто време, Јунајтед планира да ја понуди „седмицата“ на нивната главна трансфер цел – Џејден Санчо, што е уште еден знак дека Санчез не е во плановите на тренерскиот штаб.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН