Утрински Весник
Спорт

Интер со понуда за Кавани

Интер со понуда за Кавани

Милано, 24 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани може да ја продолжи кариерата во Интер (Милано).

Според информациите од француското издание „Екип“, Интер му понудил на Уругваецот тригодишен договор.

Кавани не планира да го обнови договорот со ПСЖ, кој истекува во јули и ќе го напушти „Парк де Пренс“ како слободен агент.

За 33-годишниот Уругваец се заинтересирани и Атлетико Мадрид и Њукасл.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

У20: Македонските фудбалери поразени од репрезентацијата на САД

Модриќ се изедначи со Меси по број на репрезентативни настапи

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“